Заев: „Отворен Балкан“ е отворена можност за непречена соработка на сите можни полиња

од Vladimir Zorba

„Отворен спортски Балкан“ е насловот на една од работните сесии на симпозиумот на Асоцијацијата на спортски новинари. Тоа ме поттикна да зборувам за регионалната соработка и за иницијативата „Отворен Балкан“ која треба да биде вистински урнек и за другите земји од регионот па и пошироко, затоа што на најубав можен начин ја промовира и афирмира довербата, како искрена форма на изнаоѓање најкус пат до прогресот и подобрата иднина, сподели поранешниот премиер Зоран Заев.

Ние може да се разликуваме по многу нешта, но заеднички треба да ни биде стремежот кон таа иднина. Отворен Балкан не е ништо друго, туку отворена можност за непречена билатерална или мултилатерална соработка на сите можни полиња, вклучително и на полето на спортот. Така се гради пријателство. Така се оди напред. Така се чува и надградува мирот“, додава Заев.

Слични содржини