Пет лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ се случила на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“.
– На 06.11.2022 во 00.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 206“, управувано од Ј.С.(21) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, управувано од В.Т.(43) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „хјундаи“, К.Н.(45) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатник од возилото „пежо 206“, Б.Ј.(21), и сопатничка од возилото „хјундаи“, Б.П.(44), двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.