Османи-Агелер: Ја очекуваме американската поддршка за евроинтегративниот процес на земјава

од Nikola Popovski
143 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи имал средба со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Агелер, по повод предавањето копии од акредитивните писма.

Османи очекува искуството со кое доаѓа амбасадорката да придонесе за натамошно зајакнување на билатералните односи и продлабочување на соработката.

-Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД веќе почна да носи резултати, надградувајќи го со тоа долгогодишното стратешко партнерство и сојузништво во рамки на НАТО Алијансата. И натаму ја очекуваме американската поддршка за демократскиот развој и евроинтегративниот процес на земјава, како значаен влог во стабилноста и целокупниот регионален напредок, истакна Османи по повод средбата.

Слични содржини