Поевтинува дизелот, поскапуваат бензините

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 4.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,994 %, кај дизелот намалување за 0,558%, кај екстра лесното масло намалување за 0,436% и кај мазутот намалувањето е за 0,165%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,578%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,072 ден/кг и сега ќе изнесува 49,995 ден/кг. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 8.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,995 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, појаснуваат од РКЕ.

Слични содржини