Финска нема да распореди нуклеарно оружје на територијата по влезот во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
114 прегледи

Финска не планира да распореди нуклеарно оружје на своја територија по влезот во НАТО, објави финскиот портал YLE News, цитирајќи го финскиот претседател Саули Ниниста.

Во таа прилика, финскиот претседател додал дека „нуклеарното оружје е составен дел на одвраќачката сила на НАТО“, но дека тоа е „средство за превенција, а не цел самото по себе“.

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависта претходно исто така рече дека Финска нема намера да распореди нуклеарно оружје на своја територија откако ќе стане членка на НАТО.

Слични содржини