Приведено лице барано со потерница

од Destan Jonuzi
182 прегледи

МВР информира дека денеска, во 15.20 часот, на улица „Нов живот” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при скопското СВР ја лишиле од слобода скопјанката Ш.М.(28).
-Таа била барана по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години и два месеци за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик, соопштуваат од полицијата.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.