Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес планира да го постави прашањето за отворање официјален македонски културен центар во Благоевград.
-Сепак, тоа е функција на културната размена меѓу двете земји. Ова е патот што мораме да го следиме за да изградиме доверба меѓу двете страни, рече Османи, во изјава пред Културно-информативниот центар на РСМ во Софија.
Османи е во дводневна посета на Софија, а денес ќе биде примен од вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, вршителот на должноста министер за надворешни работи Николај Милков. Тој ќе се сретне и со лидерите на политичките партии.
Министерот за надворешни работи потенцираше дека правиот пат којшто треба да го следиме е преку институционалните механизми да се гради довербата помеѓу двете држави и помеѓу двете општества и градење на заедничката иднина во рамките на Европската Унија.
Владата одлучи да побара отворање на официјален центар во Благоевград, по приватниот македонски културен клуб „Никола Вапцаров“, финансиран од приватни лица-канадски државјани со македонско потекло, а здружението кое стои зад него доби забрана од бугарските судови.