Славески побара да му се врати опремата во Советот на град Скопје

од Nikola Popovski
190 прегледи

Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славески ќе побара од Инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје заради попречување на работата на Советот и одземање на ингеренциите на претседателот на Советот.

-Замолувам да се врати опремата со која што Советот одржа 18 седници и продолжуваме за половина час, рече Славески.

Тој истакна дека му е оневозможено да го спроведува Деловникот од аспект на редот во салата, давањето и одземањето збор ако има потреба и контролата на времето за дискусија.

-Тоа беше и причина за одредени тензии во изминатите седници, додаде Славески на денешната 19-та седница на градското Собрание.

Со опремата која е во надлежност на претседател на Совет или копчето со кое се регулира дискусијата во смисла да нема навреди и слично раководеле служби на Градот.

Слични содржини