Приведен битолчанец баран со потерница

од Destan Jonuzi
162 прегледи

Полициски службеници од СВР Битола денеска на булевар „1 Мај” го лишија од слобода битолчанецот Д.Д. (34).

Тој, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, бил баран по потерница од Основниот суд Битола за издржување на мерка притвор во траење од 30 дена за извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено до КПУ Затвор Битола, информираат од МВР.