Новоизбраниот шеф на ОЈО ГОКК денеска првпат се појави во јавноста. Тој им се заблагодари на колегите кои гласале за него и порача дека ќе работи професионално. Но уште првиот ден на новата функција, тој беше фатен во лага
По изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за огранизиран криминал и корпуција, за кој јавноста реагираше дека е непознат и дека е близок со ДУИ, претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во ТОП Тема на ТВ Телма изјави дека треба да му се даде простор на Абази да се докаже, особено затоа што неговите резултати како раководител на гостиварското обвинителство се неспорни.
„Нашата фела е мала и иако сите се изолирани едни од други, во смисла дека секој работи во својот регион, сепак многумина се познаваат. Во моментов сме 163 од потребните 244 обвинители. Никогаш не сме дошле до таа бројка 244, да речеме дека таа бројка е оптимална или треба повеќе. Во моментов три обвинителства немаат ниту еден обвинител. Во случајот треба да му се даде простор на Абази, да се докаже како што се докажа во гостиварското обвинителство. Овој обвинител таму ќе треба да менаџира како што менаџираше со гостиварското обвинителство и од неажурно да го направи ажурно, во кое ќе постапуваат обвинителите, нормално со негово учество. Затоа велам дека треба да му се даде простор, да видиме како ќе се покаже, бидејќи во гостиварското обвинителство имаше илјадници предмети, па дојдоа до ситуација да го исчистат остатокот во неговиот период од 4 години“, рече Јолевски за ТОП Тема.
Новоизбраниот шеф на ОЈО ГОКК денеска првпат се појави во јавноста. Тој им се заблагодари на колегите кои гласале за него и порача дека ќе работи професионално.
Но уште првиот ден на новата функција, тој беше фатен во лага. Зборувајќи за релациите со ДУИ, бидејќи е од родното место на првиот интегративец, Ахмети, Абази нагласи дека нема контакти со ниту еден функциионер на ДУИ.
Сепак, денеска, во текот на денот, на интернет се појавија фотографии кои го демнатираа ова негово тврдење. На едната од нив Абази е фотографиран со Невзат Бејта, поранешен градоначалник на Гостивар и висок функциионер на ДУИ, а на адруга е во друштво на Дилавер Бектеши, обвинител од Кичево, истакнат член на ДУИ.