Познатата манекенка Бела Хадид загрижи милиони следбеници откако на својот Инстаграм профил сподели фотографии од нејзините модри нозе и грб покриен со фластери.
26-годишната манекенка седеше топлес на кревет во болничка соба, со завој околу десната рака и газа на грбот.
На споменатите слики, Бела позираше покажувајќи ги модрите нозе. Тие се покриени со големи, темни модринки, а на една од фотографиите е прикажана епрувета исполнета со крв.
Во оваа прилика манекенката не откри што се случува со нејзината здравствена состојба, но овие објави ги загрижија нејзините фанови.
Меѓутоа, манекенката претходно откри дека боледува од лајмска болест, односно од бактериска инфекција која го напаѓа телото и која во потешки случаи може да доведе до проблеми со срцето, оштетување на нервите, отекување на зглобовите и отежнато концентрирање.