Се намалуваат цените на лебот, млекото и месото од 5 до 12 отсто

од Nikola Popovski
126 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше дека во наредните денови очекува намалување на цените на основните прехрабени производи, посебно производите наведени во одлуката за намалување на маржите од 5 до 12 отсто.

-Од први декември очекуваме и поголемо намалување ако делот на суровините останува вака како што е. Лебот се намали, во следните неколку денови очекуваме да се намалат и цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на производите во делот на месото, рече Бектеши на прес-конференција.

Тој ги повика граѓаните доколку нема намалување на производите во наредните 10 дена согласно искажаните проценти, да пријават во Државниот пазарен инспекторат, со цел да се намалат и тие цени и залихи од страна на компаниите.

-Со тоа да ја ублажиме кризата која ќе престои и во новогодишните и верските празници што следат. Фирмите се целосни поддржани од Владата. Откако ќе биде во функција мерката на Владата во делот на субвенционирање на електричната енергија по цена од 80 евра по мегават час од 1-ви декември, дополнително очекувам намалување на цените на овие производи, потенцира Бектеши.

Слични содржини