Ако сакате ексклузивна вест и да бидете спокојни, нема да има драстично зголемување на цените од 1-ви јануари и за парното и за електричната енергија, информира денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Бектеши порача дека ги прават соодветните анализи и проекции.
-Вчера имав состанокот на директорот на РКЕ и тие се подготвени со сите податоци во делот на утврдување на цената од 1-ви јануари 2023 година. До крајот на декември РКЕ ќе го заврши процесот и ние не очекуваме драстично зголемување на цената, рече Бектеши.
Тој додаде дека поместувања секогаш се очекува да има, но тие се прават и во надолна и во нагорна линија.
-Треба да ги имате предвид двете опции, а дали ќе биде надолу или нагоре ќе одлучи РКЕ, а поместувањето може да биде и надолу, истакна Бектеши, одговорајќи на прашања по брифингот со новинарите.