Американскиот претседател Џо Бајден во последно време често прави гафови.
До таква ситуација дојде и синоќа за време на говор во Белата куќа. Тој ги коментираше резултатите од изборите за Сенатот и Претставничкиот дом, но го спомена и актуелниот конфликт меѓу Украина и Русија.
Имено, наместо Херсон, тој ја споменал Фалуџа, град во Ирак.
„Без разлика на тоа дали Русите се повлекуваат од Фалуџа“, рекол Бајден, а по интервенцијата на еден од новинарите се поправил и се сетил дека градот што сакал да го спомене е всушност Херсон.
Biden says Russia is pulling out of 'Fallujah'!!!
— Luke Rudkowski (@Lukewearechange) November 10, 2022
Фалуџа е град кој се наоѓа во Ирак.
Ќе потсетиме дека таму се одигра една од најкрвавите битки како дел од американската интервенција во таа земја.