99
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија од Брисел испрати порака, каде во тек е билатералниот скрининг состанок, кој денес започнува за Поглавје 5, „Јавни Набавки“.
„Македонскиот преговарачки тим, а и Северна Македонија подготвени го започнуваат билатералниот скрининг! Денес е важен ден за нашиот евроинтегративен процес. Влегуваме во нова фаза во интензитетот на процесот на преговори.
Имаме целосна поддршка од Европската комисија да се забрза темпото на процесот. Македонските работни групи се спремни и очекувам целосна заложба и лична посветеност од сите и до 2030 да ја исполниме нашата стратешка цел: Северна Македонија членка на ЕУ!“, пишува на Фејсбук страната на Маричиќ.