Украински војници влегоа во Херсон: Граѓаните ги пречекаа со знамиња (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Украинските вооружени сили стигнаа до центарот на градот Херсон, откако руската армија објави дека се повлекла од стратешки важниот град на југот, пишува „Гардијан“.

Член на регионалниот совет на Херсон изјави за „Ројтерс“ дека речиси целиот град е под контрола на украинските вооружени сили.

На жителите им се препорачува да останат дома додека траат претресите за да се види дали се уште има руски војници во градот.

Граѓаните на Херсон поставија знамиња и ја пречекаа украинската војска

На социјалните мрежи се шират фотографии од Херсон на кои се гледаат украински знамиња и граѓани кои ги пречекуваат припадниците на Вооружените сили на Украина.

Слични содржини