210
Во голема акција на полицијата во Србија на 50 локации, утринава се уапсени 17 лица за кои постои сомневање дека се дел од групата што ја формирал Радоје Звицер во Белград, пишуваат српските медиуми.
Уапсените се обвинети дека извршиле три убиства на територијата на Белград и пет обиди за убиство. Тие исто соработувале со озлогласениот кавачки клан.
Наводно планирале напади врз највисоките државни функционери на Србија.
Ова била заедничка акција на српското МВР, БИА и Обвинителството за организиран криминал.
Кавачки клан и Шкаљари од Црна Гора некогаш биле еден мафијашки клан, но по исчезнувањето на 200 килограми кокаин во Валенсија меѓу нив започнала крвава војна.