Украина гради ѕид долж границата со Белорусија, изјави за Киев Индипендент Кирил Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на претседателот на Украина. Тоа ќе биде бетонски ѕид, армиран со бодликава жица, а ќе има и ров и насип. Ѕидот е веќе долг три километри, а работите се во тек и во регионите Житомир и Ривањск.
Тимошенко додаде дека во областа Волин на границата со Белорусија, која Украина ја гледа како закана, е подигнат трикилометарски ѕид и зајакнат со бодликава жица.
Тој додаде дека во близина на ѕидот има вреќи со песок и ровови, а објави и фотографии на кои се гледа како обезбедувањето одвиткува бодликава жица во близина на ѕидот, кој изгледа е висок повеќе од два метри.
Границата на Украина со Белорусија е долга повеќе од 1.000 километри.