Повредена македонска државјанка по терористичкиот напад во Истанбул, велат од МНР

од Nikola Popovski
171 прегледи

Mакедонска државјанка индиректно се стекнала со полесни повреди после вчерашниот терористички напад во Истанбул, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

-Повредите биле предизвикани од турканиците настанати при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека без поголеми повреди е веќе вратена во земјата, појаснуваат од МНР.

Дополнително, оттаму посочуваат дека и по 24 часа од настанатата експлозија, досега не се добиени информации за директно настрадани или повредени државјани на Република Северна Македонија.

Од МНР додаваат дека нашите претставништва остануваат во контакт со институциите на Турција, како и со загрижени граѓани и економски субјекти кои организираат патувања во Истанбул.

Шест лица загинаа, а 81 се повредени во експлозија на улицата Истиклал, за која властите велат дека ја извршил сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација.

Уапсената осомничена признала дека наредбата за нападот ја добила од центарот на терористичката организација во Кобане, Сирија, соопштија турските власти.

 

Слични содржини