Ковачевски му подари македонски дрес и топка на Рама

од Nikola Popovski
116 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска му подари кошаркарски дрес од македонската репрезентација и кошаркарска топка на неговиот албански колега, Еди Рама.

Дресот беше со бројот 1 и презимето на албанскиот премиер, додека топката со личен потпис од премиерот Ковачевски.

-Евроатлантските интеграции се стратешки интерес кој ќе обезбеди стабилност и безбедност, но и понатамошен развој на економијата и животниот стандард, не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за целиот Западен Балкан. Заеднички работиме на решенија и вложуваме во сигурна иднина за целиот балкански регион, и тоа е веќе јасно за сите. Оваа криза покажа колку е важна регионалната соработка за справување со последиците. Со заеднички одговор, целиме да обезбедиме економски раст и развој и на нашите земји, но и на регионот, истакна Ковачевски во својата објава.

Владите на Северна Македонија и Албанија денеска во Скопје ја одржаа втората меѓувладина седница, при што беа потпишани поголем број меморандуми и одлуки за соработка меѓу двете земји.

Слични содржини