Екс шефот на кабинетот на Сали бара министерот да биде разрешен, Фазлиу: Именувањето и разрешувањето на функционери е право на Централното претседателство

од Destan Jonuzi
136 прегледи

По денешното барање на дел од активистите на огранокот на Алтернатива во Чаир, кои имаа забелешки за работата на министерот за здравство, Беким Сали, сакам да го образложам мислењето дека во органите на огранокот Чаири немало поплака и незадоволство против ниту еден функционер на партијата, се вели во реакцијата на партијата Алетратива откако денеска незадоволна група на оваа партија јавно побара одговорност од министерот за здравство Блеким Сали.

– Ниту во раководството на огранокот, ниту во Собранието на огранокот што се одржа претходно немаше забелешки, оваа денешна реакција нема врска со огранокот Чаири, туку можеби е резултат на лично незадоволство. Но, сакам да потсетам дека, според Статутот на партијата, прашањето за именување и разрешување на партиски функционери не е во надлежност на ограноците, туку е право на Централното претседателство на Алтернативата. Како претседател на Огранокот Чаир, му честитам на министерот за здравство, Др. Беким Сали за досегашната работа и му посакувам успех, се вели во писмената реакција на Фатон Фазлиу, претседател на огранокот Алтернатива – Чаир.

Од друга страна поранешниот шеф на кабинетот на министерот Сали, Меритон Цивули на прес конференција во име на чаирскиот огранок побара претседателот на Алтернатива Африм Гаши да иницира разрешување на министерот за здравство Сали поради неизвршување на партиската програма, односно вработување Албанци во здравството.

Тој на Гаши му даде 10 дена рок да го разреши Сали, бидејќи претседателот иако знаел за незадоволството од министерот, досега ништо не презел, но не откри како ќе постапат, доколку Гаши не побара разрешување на Сали.

Д.Ј.

Слични содржини