119
Партијата Алтернатива нема да ја напушти оваа влада и да остане само со едно директорско место. Ова го изјави во емисијата Клан Дебата на Тв КланМ некогашниот пратеник на Алтернатива, а сегашен независен пратеник Скендер Реџепи. Тој нагласи дека е очигледно дека Алијансата за Албанците ќе биде дел од владата.
– Очигледно е дека Алијанса за Албанците ќе биде дел од владата. Дополнително, поделени се и местата и министерствата. Кој што ќе даде? На Алтернатива ќе и се одземат повеќе позиции. Алтернатива и да остане само со едно директорско место, нема да излезе од владината коалиција. Ова го кажувам познавајќи го нејзиното раковотство. Не ја пуштаат власта, изјави Реџепи.