Изгласан е ребалансот на буџетот на град Скопје предложен од Арсовска, дополнет со амандмани од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Со амандманите кои беа усвоени се предвидува социјална заштита во време на криза за што се обезбедија 15 милиони денари помош во кризно време за најпогодените лица во македонското општество.
-Тоа се децата без родители, лицата во социјален ризик и општествен ризик, кои што ќе се соочат најостро со кризата која што од енергетска прераснува во финансиска и економска. Потоа се обезбедија и средства за Црвениот крст. Се успеа да се обезбеди изградба на улици во општина Чаир како што е и улицата Максут Садик, и улицата Фрањо Клуз во општина Аеродром“. Беше изгласано повеќе пари за ФК Вардар и нормализација на работата на Универзалната сала, соопштија од најголемата опозициска партија.