Турција планира акција против цели во северна Сирија по завршувањето на прекуграничната операција против милитантите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во Ирак, изјави денеска висок турски функционер, по бомбашкиот напад во Истанбул за кој Анкара ги обвини курдските екстремисти.
Турција ги обвини курдските терористи за експлозијата на улицата Истиклал во Истанбул во неделата, во која загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа повредени, јавува „Ројтерс“.
„Заканите од курдските милитанти и Исламската држава кон Турција се неприфатливи“, рече турски официјален претставник, додавајќи дека Анкара „на овој или оној начин“ ќе ги елиминира заканите долж нејзината јужна граница.