Османи за паднатите ракети во Полска: Во консултации сме со сојузниците на НАТО

од Nikola Popovski
214 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи синоќа соопшти дека е загрижен поради ракетниот удар на територијата на Полска.

Тој на својот официјален Твитер профил изрази целосна поддршка и солидарност со Полска, како и сочувство до семејставата на жртвите.

„Во консултации сме со сојузниците на НАТО и внимателно ја следиме ситуацијата“, напиша Османи.

Портпаролот на полската влада, Пјотр Милер, синоќа по итно свиканиот Совет за национална безбедност потврди дека во Пржеводов, на пет километри од границата со Украина, во експлозија загинале двајца Полјаци, но не ја потврди неофицијалната вест на агенциите дека Полска била погодена од руски ракети.

Додека агенцијата АП пренесува за руски ракети од неофицијални извори на американските разузнавачки служби, полските медиуми дозволуваат можност украинските ракети за противвоздушна одбрана да паднале во Полска по грешка или руските проектили да се соборени и затоа го смениле својот пат и паднале во Полска.

Слични содржини