Денес ИТЕН состанок на членките на НАТО: Полска го активира ЧЛЕНОТ ЧЕТИРИ!

од Nikola Popovski
115 прегледи

НАТО денес ќе одржи итен состанок на барање на Полска, која се повика на примената на членот 4 од договорот за НАТО, откако две лица загинаа во ракетен напад во селото Пржеводов во источна Полска, во близина на границата со Украина.

Според член 4 од Договорот за формирање на алијансата, членките можат да покренат секое прашање што предизвикува загриженост, особено во врска со безбедноста на земјата-членка.

Триесет земји-членки на НАТО потоа започнуваат формални консултации на барање на загрозената членка. Во разговорите се разгледува дали има закана и како да се спротивстави, а одлуките се носат едногласно.

Да потсетиме, синоќа веднаш по веста за експлозијата се огласија членките на НАТО Естонија и Латвија, а Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека оваа земја е „подготвена да ја брани секоја педа од територијата на НАТО и дека се во целосна солидарност со нашиот близок сојузник Полска“.

Министерот за одбрана на Латвија, исто така, понуди поддршка и изрази „сочувство до полските браќа по оружје“ и изјави дека „криминалниот руски режим истрелал проектили кои ги таргетираат не само украинските цивили, туку и паднале на територијата на НАТО во Полска“.

По експлозијата во Пржеводов, и Министерството за одбрана на Русија соопшти дека извештаите на полските медиуми и најавите на официјални лица дека руски ракети ја погодиле територијата на Полска се намерна провокација со цел ескалација на ситуацијата и дека „нема удари беа извршени на цели во близина на украинско-полската граница со руски средства за уништување“.

Без разлика на тврдењата на Русија и Украина, се чека официјална истрага, а поранешниот српски амбасадор во Белорусија Среќко Ѓукиќ вели дека во догледно време ќе се утврди чија била ракетата, од каде дошла, под кој агол паднала и дали претпоставки дека се работи за стари крстосувачки ракети од ерата на Советскиот Сојуз.

Слични содржини