ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР: Бидете смирени, мора да се потпреме исклучиво на фактите!

од Nikola Popovski
201 прегледи

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа во вонредно обраќање изјави дека Полска, во соработка со меѓународни експерти, работи на откривање на се што се случило во Пржеводов.

– Апелирам до вас да останете смирени за оваа трагедија. Да не бидеме изманипулирани. Мора да се водиме од воздржаност и разумност, мора да се потпираме исклучиво на фактите, на она што го знаеме и што го знаат нашите сојузници, вели полскиот премиер.

Претходно јавниот обвинител и министер за правда на Полска, Збигњев Зебро, за прв пат изјави дека се работи за ракета која експлодирала на самата граница со Украина.

– Му наредив на обвинителот да преземе лична контрола над истрагата за ракетната експлозија и смртта на двајца полски државјани – напиша Зебро на Твитер, пренесе РИА.

Слични содржини