Мицкоски бара да се затворат сите бугарски клубови бидејќи Бугарија го затвори македонскиот во Благоевград

од Nikola Popovski
121 прегледи

„Ние не само што ги поддржавме туку ги предложивме преку пратеничката Рашела Мизрахи тие измени, и добро е што беа прифатени и усвоени од страна на Парламентот. И треба веднаш да се тргне во процес на апликација односно затворање на тие клубови бидејќи македонскиот клуб што беше отворен во Бугарија веднаш реагираше бугарската држава и го затвори. Така што не треба да се чека и не треба да се одолговлекува и треба веднаш да се отпочне со затворање на овие клубови кои што се отворени на нашата територија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во интервју за „Република“.

Мицкоски додаде дека овие денови СДС се обидува да дефокусира, да измислува невистини за ВМРО-ДПМНЕ и за него. Причина зошто власта треба да ги затвори сите бугарски клубови е како мерка на реципроцитет, бидејќи Бугарија го затвори македонскиот клуб во Благоевград.

„Затворањето на клубовите бугарски во Македонија не е причина зошто некој бил соработник или не бил соработник со ваков или со таков. Туку е политички реципроцитет. Ако Македонците во Бугарија не можат да имаат свој македонски културен клуб, каде што културно ќе се организираат, ако Македонците во Бугарија не можат да ги уживаат своите права кои што се резултат на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, јас не гледам уште една причина зошто овие 1.500 граѓани на Македонија кои што се декларираат дека бугарскиот јазик им е мајчин јазик да имаат таков клуб и да се организираат во Македонија“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека многупати во минатото ВМРО-ДПМНЕ се има изјаснето дека двата клуба треба да се затворат.

Слични содржини