Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Русија за смртта на двајцата сонародници кои загинаа при неодамнешниот пад на проектил во близина на границата со Украина.
„Русија е виновна за смртта на нашите сонародници, кои не само што ја нападнаа Украина, туку и ја тероризираа оваа земја со масовни напади со проектили и дронови“, наведе Моравјецки во телевизиско гостување.
Тој рече и дека полската држава ќе се погрижи за семејствата на жртвите.
Истакнувајќи дека ракетните и балистичките експерти продолжуваат да ги анализираат ракетите, Моравјецки им се заблагодари на сојузниците за нивната поддршка.
Во вторникот проектил падна врз село во Полска, во близина на границата со Украина, при што загинаа две лица.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека не нападнале цели на полско-украинската граница. НАТО соопшти дека е можно ракетата да е лансирана од системот за противвоздушна одбрана на Украина.