Папата ги повика сите да не се откажуваат од мирното решение за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
108 прегледи

Папата Франциск денеска повтори дека Ватикан е подготвен да направи се што е можно за да посредува за да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесува „Ројтерс“.

Во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“, на прашањето дали верува дека е можно помирување меѓу Москва и Киев, папата ги повика сите да не се откажуваат од напорите за мирно решение, наведува британската агенција.

Папата Франциск вчера на општа аудиенција го осуди последниот бран ракетни напади врз Украина и повика на прекин на огнот за да се спречи ризикот од ескалација на конфликтот.

Слични содржини