153
Советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле изјави дека побарал од премиерот на Косово, Албин Курти, да ја одложи одлуката за регистарските таблички.
Дерек Шоле на својот Твитер профил, а по телефонскиот разговор со Курти изјави дека главна тема на разговорот е избегнување на понатамошна ескалација.
„Одложете ги казните за регистарски таблички, оставете ја отворена вратата за враќање на косовските Срби во институциите и фокусирајте се на нормализирање на дијалогот со Србија – најдобар начин за подобрување на европската и евроатлантската интеграција на Косово“, напиша Шоле.