127
Речиси 20 лица загинаа, а најмалку 300 се повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала кој во понеделникот ја погоди провинцијата Западна Јава во Индонезија, соопшти локален официјален претставник.
Херман Сухерман, владин функционер од Цианџур, градот во Западна Јава каде што е епицентарот на земјотресот, изјави за МетроТВ дека до 20 лица починале во болница во областа, пренесоа агенциите.
„Според информациите што во моментов ги имам, само во оваа болница починале речиси дваесет лица, а најмалку 300 се на лекување. Повеќето имаат скршеници откако биле заробени под урнатините на зградите“, рече тој.
Националната агенција за катастрофи објави 14 смртни случаи.