Ковачевски одговори дали Владата може да го преземе градскиот превоз по примерот со Универзална сала

од Nikola Popovski
155 прегледи

На прашањето дали по примерот со Универзалната сала, Владата може да го преземе градскиот превоз, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека „прво ова прашање треба да му се постави на Христијан Мицкоски“.

-Тој пред само една година одеше по Скопје и тврдеше дека градот ќе ја добие најдобрата мајка и ќе стане најмодерен град во светот. Тој излегуваше на прес-конференција и кажа дека ќе обезбеди бесплатен превоз за граѓаните и дека ќе купел нови електрични авотбуси. Од тоа нема ништо, рече Ковачевски.

Премиерот потенцира дека Владата мора да помогне на сите граѓани во рамките на капацитетите и можностите што ги има.

-Сите големи проекти во Скопје кои се започнати, Владата ќе направи се за да може да ги доврши. Пред договор сме за преземање на ингеренциите за Универзална сала. Тоа е заради скопјани, не заради политика, најави Ковачевски.

Слични содржини