Здравствени придобивки од медот за кои ретко се зборува

од Stefanija Kuzmanovska
457 прегледи

Медот е една од најздравите намирници бидејќи ги содржи речиси сите состојки кои го градат човечкиот организам.

Медот е лесно сварлива храна која ја враќа силата и ја зајакнува психата. Помага при побрзо зараснување на рани, болести на цревата и желудникот, како и покачена телесна температура.

Покрај тоа, медот може да се користи како средство за чистење.

Во народната медицина медот и денес е основа на природното лекување. Но, има и многу други здравствени придобивки за кои ретко се зборува.

Ги ублажува проблемите со синусите
Антибактериски и антисептички својства кои се природно присутни во медот, ги отстрануваат инфекциите и го намалуваат воспалението на синусите.

Медот го смирува и грлото, го намалува кашлањето и го зајакнува имунолошкиот систем.

Природен извор на енергија
Природниот, необработен шеќер кој го содржи медот оди директно во крвотокот и може да обезбеди брз налет на енергија.

Вашето вежбање во теретана ќе има голема корист од ова брзо засилување на енергијата, особено ако правите долги вежби за издржливост.

Содржи антиоксиданси
Колку е потемен медот, толку повеќе антиоксиданси содржи, природни соединенија кои помагаат во обнова на оштетените клетки кои можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања или рак.

Доволна дневна доза е две до три лажички мед доколку консумирате и доволно овошје и зеленчук.

Брз и длабок сон
Имате проблеми со спиењето? Топол пијалок со мед и млеко треба да се испие веднаш пред спиење.

Неколку лажички мед во млеко или чај веќе долго време се користат за поттикнување на сонот.

Слични содржини