Репортерка на аргентинска телевизија била изненадена од одговорот на катарската полиција откако била ограбена за време на отворањето на Светското првенство во 2022 година, пишува „Мирор“.
Турнирот официјално започна во неделата навечер кога домаќините завршија со пораз од Еквадор со 2-0. Како подготовка за воведниот натпревар, аргентинската новинарка Доминик Мецгер водеше директен пренос од областа Корниш во Доха.
Имено, за време на емитувањето ѝ биле украдени предмети од нејзината чанта. Таа го пријавила грабежот во локалната полиција и била збунета од нивниот одговор на инцидентот.
Tras el robo de su billetera en plena cobertura del Mundial Qatar 2022, la periodista Dominique Metzger contó que la Policía le aseguró que iba a recuperar sus documentos y le preguntó qué pena prefería para el ladrón.
¿Que haríamos en su lugar?..🤔📽@todonoticias (IG) pic.twitter.com/2lzmL8Sljn
— Luces y estrellas (@estreyaystar) November 19, 2022
„Отидов до станицата и тогаш почнаа културолошките разлики. Полицајката ми рече: Ние имаме камери со висока технологија насекаде и ќе го лоцираме со детекција на лице. Што сакате да прави правосудниот систем кога ќе го најдеме?“, изјави таа.
Била збунета од изјавата и побарала дополнително појаснување.
„Каква правда сакате? Каква казна сакате да му изречеме? Дали сакате да биде осуден на пет години затвор? Дали сакате да го депортираат?“, додаде таа.
Мецгер не побарала конкретна казна и едноставно одговорила дека сака безбедно да ѝ се вратат изгубените предмети.
На стадионите се поставени околу 15.000 камери за препознавање лица. Инцидентот со Мецгер е втор на листата инциденти кои ги доживеаја новинарите во последните денови.