Повторно е оштетен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Како што информираa од МВР, клубот има оштетено стакло на излогот.
-Инцидентот се случил ноќта околу 2 часот по полноќ. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, соопштија од полицијата.
Како што пишуваат дел од бугарските медиуми, оштетувањето било направено со камен.
На 12-ти октомври годинава беше искршен натписот над влезната врата на објектот.
Клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен на 7 октомври проследен со протести на граѓани, со поддршка од опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ.
Според последните измени кои беа направени во Собрание врз Законот за здруженија и фондации, бугарските културни центри со контроверзни имиња во земјава имаат рок од три месеци да ги променат називите на здруженијата.
Во меѓувреме законот е испратен во Венецијанската комисија.