Украина издаде предупредување за воздушни напади

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Ширум Украина денеска беше издадено предупредување за воздушен напад, а новинската агенција „Интерфакс-Украина“ објави дека се случиле експлозии во неколку региони во јужна и југоисточна Украина, цитирајќи ги локалните медиуми и апликацијата Телеграм.

Руските сили сè повеќе ја гаѓаат критичната инфраструктура во Украина во неделите откако повлекоа дел од своите сили на источниот брег на Дњепар, пренесува „Ројтерс“.

Масовните руски воздушни напади го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на десет милиони потрошувачи подолго време, што украинскиот оператор на националната електрична мрежа го нарече „колосална штета“.

Слични содржини