219
Состојки:
– 250 гр свежо сирење
– 1/2 чаша кисела павлака
– малку сол
– 1/2 кесичка прашок за пециво
– прстофат сода бикарбона
– 10 преполни лажици брашно
Подготовка:
Измешајте го сирењето и павлаката, додадете сол и брашно измешано со прашокот за пециво и сода, убаво измешајте.
Оставете да отстои 10 минути додека рерната се загрева.
Со влажна лажица извадете го тестото на плех подмачкан со масло и печете 15 до 20 минути на 200 степени.
За поголема доза, само дуплирајте ги состојките.