Интегрални кифлички со сирење

од Stefanija Kuzmanovska

Вкусни кифлички од интегрално брашно полнети со сирење.

Состојки:

-500 гр интегрално брашно

– половина кесичка сув квасец

– 100 мл топла вода

– 1 јајце

– 1 лажичка шеќер

– 100 мл топло млеко

– 90 мл масло

– сирење по ваш избор

Подготовка:

Во поголем сад истурете млеко, вода, квасец и една лажичка шеќер и измешајте го сето тоа. Потоа додаде го јајцето, истурете ги само белките во садот, а жолчките одделете ги за премачкување.

На сето тоа додадете масло (може и маслиново) и повторно измешајте сè со жица за матење. Постепено се додава брашното и се меша прво со жица, па со раце.

Кога ќе го замесите тестото, повторно подмачкајте го од двете страни и покријте го со проѕирна фолија за да нарасне. Чувајте го на топло место.

Кога ќе нарасне, премесете го и поделете го на помали топчиња. Покријте го со фолија тестото со кое не работите за да не се исуши.

Направете кифлички и наполнете ги со сирење. Премачкајте ги со жолчка и печете ги на 200 степени околу 20 минути.

Слични содржини