„Не се рекламирајте на проруски медиуми на Балканот“: Ковачев со уште 15 европратеници им пиша на „Lidl“, „Coca-Cola“ и други компании

од Nikola Popovski

Големите брендови како „Lidl“, „Coca-Cola“и „L’Oreal“ мора да престанат да се рекламираат на проруските медиуми на Балканот, им порачаа членовите на Европскиот парламент на компаниите во писмото, до кое имал увид „Политико“. Во својот одговор, компанијата „Лидл“ соопштила дека „значително ги намалила“ трошењата за рекламирање на српските канали „ТВ Пинк“ и „ТВ Хепи“ од средината на 2023 година и дека ќе престане да се рекламираат во втората половина од 2024 година.

-Петнаесет брендови треба „ригорозно да ги преиспитаат своите рекламни политики за да се осигураат дека нема да ги финансираат, дури и ненамерно, медиумските куќи познати по ширење дезинформации“, се вели во писмото испратено во четвртокот од бугарскиот конзервативец Андреј Ковачев и 15 други пратеници од централната десница, социјалистите и Зелените.

Компаниите до кои е упатено писмото се: Lidl, Delhaize Group, Procter & Gambler, Coca-Cola, A1, Yettel, Ferrero, Heineken, Mars, Mondelez, L’Oreal, GlaxoSmithKlein (GSK), Bosch, Samsung и Amazon.

Ковачев изјавил за „Политико“ дека „антидемократските наративи претставуваат сериозна закана за демократијата“, особено „во оваа клучна изборна година“, мислејќи на изборите во ЕУ.

Претставниците на ЕУ и експертите за дезинформации предупредуваат на зголемен бран лажни вести на Интернет и обиди на странски земји да влијаат врз гласањето пред јунските парламентарни избори за Европскиот парламент, пренесува „N1“.

„Многу медиумски организации кои промовираат проруски дезинформации често користат реклами купени од реномирани компании за да го зајакнат својот кредибилитет“, рекол Ковачев, додавајќи дека овие брендови не секогаш биле свесни дека на крајот може да „поддржуваат проруски пропагандни канали“.

Балканската иницијатива за слободни медиуми, невладина организација со седиште во Брисел што стои зад овој потег, во 2023 година објави дека светските брендови, преку агенции и фирми за адтехнологија, трошат стотици милиони евра на српски и бугарски медиуми кои шират владина пропаганда и поврзани приказни што ги поддржува Кремљ од почетокот на инвазијата на Украина.

-Српските ТВ Пинк и ТВ Хепи, кои во голема мера се потпираат на приходите од реклами од меѓународни компании – емитуваат лажни тврдења дека самата Русија била „под агресија“ и „принудена“ да спроведе „специјална воена операција“ во Украина, еуфемизам што го измислиле во Москва и се однесува на војната во Украина, објави меѓу другото „N1“.

Слични содржини