Трајанов реизбран за лидер на ДС, за ДУИ вели дека „местото им е во Хаг“

од Nikola Popovski

Денес со присуство на над 400 делегати и гости, се одржа 7-от Конгрес на ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ, на кој лидерот на партијата, Павле Трајанов беше реизбран за уште мандат на партиската функцијата.

-На претстојните претседателски и парламентарни избори за одлучува за тоа дали ќе опстоиме како самостојна, суверена и независна држава и дали ќе се случат промени кои значат градење на демократска и европска држава или ќе тонеме во корупција , деструкција и разградување на темелните вредности“. Демократскиот сојуз е витална политичка партија која не прави компромис кога се во прашање нашите национални, државни и стратешки интереси и не сме подготвени да соработуваме со профитери и разграбувачи на државата, изјавил Трајанов.

Според него, „на тие што на плоштадот МАКЕДОНИЈА, извикуваа УЧК – местото им е во ХАГ, а не во власта“. 

-По дуизацијата и криминализацијата на државата, сега водството на ДУИ најавува дестабилизација доколку не биде вклучена во власта, но од ваквите најави никој не се плаши затоа што граѓаните на Македонија без разлика на нивната етничка и верска припадност цврсто се решени да живеат заедно и да ја градат заедничката држава, Македонија, потенцирал пратеникот.

Трајанов зборувал и за приоритетите на Демократскиот сојуз.

-Прво, коренити уставни промени односно нов Устав, поради тоа што Уставот и амандманите на истиот, го блокираат развојот, демократијата и ја промовира партизацијата и неодговорноста. Тука пред се, се неопходни реформи во судскиот систем, бришење на правилото на Бадентер, Балансерот итн.

Второ, донесување на нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и високата корупција и донесување на Законот за формирање на независна Агенција за борба против овој вид на криминал.

Трето, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење на широк политички и граѓански консензус околу следните работи: македонскиот јазик да биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ, образовните, историските и идентитетските прашања да не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциските процеси, и да се обезбеди реципроцитет со Бугарија со признавање на Македонското малцинство во Бугарија.

Четврто, системот за безбедност да се реформира, да поминат сите вработени преку „сито“, да се обезбеди континуирана обука и да се зголемат двојно платите. Не е во ред, ниту може да се очекуваат резултати доколку и натаму главен инспектор прима плата од 45 илјади денари, а јавен обвинител од 130 илјади денари.

Надворешна политика треба да биде во функција на нашите стратешки и национални интереси и усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред се на САД, треба да продолжиме со реформите во областа на одбраната како членка на НАТО, изјавил Трајанов во обраќањето.

Слични содржини