Ковачевски од Тетово: 2023-та е година за економска пресвртница, на нова надеж

од Vladimir Zorba
182 прегледи

„Заедно ќе успееме да ја поминеме зимата, заедно ќе успееме да ја пребродиме последната глобална економска бура и од наредната година ќе биде подобро. Нема недостижна цел. 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж“ рече премиерот и претсеадтел на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Тетово.

Тој додаде дека доколку во првите десет месеци борбата беше за држење на економската линија и борба со кризата, за наредната година, со новиот Буџет се тргнува во офанзива.

„Конечно да ја победиме кризата, да почнеме да економски да растеме, да го зголемиме животот стандарди и да се погрижиме следната година да стане подобра од оваа. Да направиме општествени промени со нашите економски политики за енергетска транзиција, за обезбедување финансиска поддршка и пресвртница во развојот на домашната економија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во првите 100 дена од неговиот мандат се покачи минималната плата на 18 илјади денари, пензиите во првата година се покачија за 16 отсто, додека просечната плата достигна ниво од 32 илајди денари.

„Во Буџетот за 2023 година обезбедивме пари за нов раст на пензиите и платите. И да одговорам на прашањата од вашите сограѓани. Да, ќе растат пензиите и ќе расте и минималната плата. Со новата методологија што заедно ја договоривме, новото зголемување е во март 2023 година. Пензиите ќе бидат зголемени за вкупно 16% за време на една календарска година за сите 330.000 пензионери“ рече Ковачевски.

Слични содржини