ОН: Третманот на талибанците кон жените е злосторство против човештвото

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Однесувањето на талибанците кон авганистанските жени и девојчиња, нивното протерување од паркови и спортски сали, како и од училишта и универзитети, може да претставува злосторство против човештвото, велат водечки експерти на Обединетите нации.

Според извештајот на специјалниот известувач на ОН за Авганистан, Ричард Бенет и уште девет други експерти на ОН, се посочува дека третманот на жените и девојчињата може да се припише на „родов прогон“ според Римскиот статут, чиј потписник е Авганистан, објави Ројтерс.

Портпаролот на талибанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балхи, одговарајќи на тврдењата од ОН, рече дека „сегашната колективна казна насочена кон невините Авганистанци преку режимот на санкции на ОН, се во име на правата на жените и еднаквоста, е еднакво на воени злосторства и злосторства против човештвото“.

Слични содржини