Фудбалската асоцијација на Велс потврди дека 62-годишен велшки навивач починал на Светското првенство чиј домаќин е Катар, пренесуваат дел од островските медиуми,
Констатирано е дека навивачот починал од природна смрт, а на првенството престојувал заедно со својот син. Познато е и дека во моментот на трагедијата велшкиот навивач не бил на стадионот на кој Велс беше поразен од Иран со 0:2, во второто коло од групата Б.
Велшката федерација изрази сочувство до семејството и пријателите и се стави на располагање на семејството, на кое помош му понуди и британскиот конзул.
Mae CBDC yn cydymdeimlo efo teulu a ffrindiau Kevin Davies.
Our deepest condolences from everyone at the Football Association of Wales. Our thoughts are with Kevin’s family and friends at this sad time.
The FAW is in contact with Kevin’s family to help in whatever way we can. https://t.co/deXNX3Ai5d
— FA WALES (@FAWales) November 26, 2022
Велс по одиграните два натпревари е последен во групата Б со нерешено (1:1 против САД) и пораз (0-2 од Иран), но сепак има шанса да помине. За тоа му треба победа во последното коло против Англија.