Николовски: Шумите се нашите бели дробови и затоа треба да ги почитуваме и чуваме

од Nikola Popovski
208 прегледи

Шумите се нашите бели дробови, нашиот живот, сите ние треба одговорно да се однесуваме, да ги почитуваме и чуваме, објави ресорниот министер за земјоделство Љупчо Николовски при денешната акција за пошумување под мотото „Пошумуваме заедно за позелено утре” во скопско Миладиновци.

Акцијата е организирана од компанијата „ДМ Дрогерие Маркт”, со поддршка од Национални шуми, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем”. Преку 300 луѓе се приклучија на акцијата, а на 10 хектари во Миладиновци се засадија преку 27 илјади садници.

-Ова е до сега најголемата донација која од приватна компанија ја има добиено ЈП Национални Шуми, односно 27.000 садници од багрем и чемпрез, како и опрема односно 10 дупчалки и акумулатори. Со ова засилено темпо на пошумување најавуваме дека 2023 ќе биде година на многу нови пролетни и есенски акции за пошумување на нови 500 хектари само преку Програмата на МЗШВ. Зелената транзиција е висок приоритет на Министерството, истакна Николовски.

Слични содржини