Баклава со бадеми и суво грозје

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Состојки:

– 1 пакување тенки кори за баклава

Фил:

– 250 гр путер

– 200 гр бадеми

– 80 гр суво грозје

– 1 рендано морско оревче

Сируп:

– 300 гр шеќер

– 500 мл вода

– 1 ванилин шеќер

– сок од 1 лимон

Подготовка:

Тава за печење прелијте со растопен путер и на дното ставете четири до пет кори, а потоа секоја посипете ја со растопен путер.

Секоја кора посипете ја со мешавина од мелени бадеми, суво грозје и рендано морско оревче додека не го потрошите филот.

На самиот крај наредете ги преостанатите четири до пет кори.

Пред печењето баклавата исечкајте ја со нож во форма на ромб или коцка, па прелијте ја со растопен путер. Баклавата се пече во рерна на околу 200 степени додека не добие убава кафена боја.

Испечената баклава прелијте ја со изладениот сируп и оставете ја околу два часа да се впие.

Подгответе го сирупот така што убаво ќе зовријат шеќерот, ванилиниот шеќер и водата, па додадете го сокот од лимон.

Слични содржини