171
Американскиот геолошки институт денеска соопшти дека синоќа „проработел“ вулканот Мауна Лоа на Хаваите, најголемиот активен вулкан во светот.
Во соопштението за медиумите се прецизира дека во неделата вечерта започнала ерупцијата во калдерата, проширувањето на кратерот формирано на врвот на вулканот.
„Во овој момент, тековите на лава се ограничени на областа под врвот на вулканот и не ги загрозуваат населбите во подножјето“, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.