Најпрвин опозицијата нема конзистентен став. Имаше избори во август годинава во општините Центар Жупа, Маврово Ростуше и Тетово и таму се потврди дека тоа што го прават е само за себе. Се потврди дека доживеаа најголем пораз во општината Маврово Ростуше откако таму се оддржуваат избори. Во Центар Жупа се обидоа да направат бојкот и не успеаа оти граѓаните решија да изберат наш кандидат и во општина Тетово велеа дека ќе победат со 6-0, а имаа послаб резултат од локалните избори, рече премиерот Димитар Ковачевски денеска од Прилеп на прашањето зошто Владата не прифаќа предвремени парламентарни избори како што бара ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот потенцира дека помина времето кога во земјава се правеа избори скеоја година, „само затоа што некој сака да спроведува своја политичка агенда“.
-Сакам да ѝ порачам на опозицијата дека никој не се плаши од избори бидејќи бевме во август и нив ги немаше пет дена. Се криеја затоа што не знаеа што да кажат за резултатите, порача Ковачевски.