Задоволство ми е што со голема динамика се гради експресниот пат кон Прилеп, кој е од голема важност за граѓаните на Пелагонискиот регион, но и за цела држава. Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо, пишува премиерот Димитар Ковачевски на својо Фејсбук профил.
Интензивно работиме на патната инфраструктура во државата бидејќи инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, инвестираме во развој на економијата во Северна Македонија, додаде тој.