Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Велес кажа дека власта докажала дека е возможно во ек на најголема криза да се инвестира во патната инфраструктура и поврзување на нашата земја со европските земји.
Новите патни делници и оние на кои активно се работи тој ги припиша на неговиот економски план за напредок.
-Наредната година ќе биде подобра и тоа ќе го докажам! Оние од ВМРО-ДПМНЕ што велат дека нема да успееме се истите оние кои 11 години ја заглавија земјава а денеска ги заглавија општините кои ги предводат. Погледнете што се случува во Велес, погледнете што се случува во Скопје. Наместо да се развиваат, општините под водство на ВМРО-ДПМНЕ стагнираат, нема нови проекти, нема ништо. Главниот град е нефункционален, на раб на колапс. Наместо нов градски превоз, нема превоз, наместо нови еколошки автобуси и тие што ги има не возат, рече
Ковачевски.
Според него, ваква катастрофа на главниот град му се случува само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните раце во медот.
-И го слушам Мицкоски вели немал намера да им се извини на граѓаните за хаосот во Скопје. Касно ти е Мицкоски веќе за извинување увидоа граѓаните, ја гледаат и вашата неспособност и катастрофата што ја создадовте. Проблемите кои ВМРО-ДПМНЕ ги остава ние од СДСМ ќе треба да ги решаваме, за граѓаните, не за политика, истакна претседателот на СДСМ.